Политичката дебатна емисија од 18.15 часот се врати на телевизија Алфа. Па така, покрај вечерните емисии на Драган Милосављевиќ, Богдан Илиевски и Коле Чашуле, сега повторно уште една емисија на Алфа која во центарот ги става политичките настани во земјава.
Веста на социјалните мрежи ја објави водителот на емисијата.
Гледачите кои се обратија до редакцијата на ТВ Пакет прашуваат дали конечно ќе има нешто ново на тв Алфа освен политички емисии и Стројник? Дали телевизијата ќе понуди конечно некоја премиерна странска програма во текот на денот по примерот на другите македонски национални телевизии и регионални телевизии?
Дани | ТВ Пакет