Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Се запазуваат ли мерките за заштита во кулинарското шоу на Сител?

Се запазуваат ли мерките за заштита во кулинарското шоу на Сител?

Најгледаната македонска телевизија Сител редовно информира и ги едуцира граѓаните на Македонија за сите новости околу Ковид пандемијата и мерките за заштита на населението.

Но, дали истите мерки се почитуваат и од сите вработени во телевизијата? Дали донесените протоколи важат и за водителите и учесниците во ова ТВ шоу?

Кулинарското шоу “Брза кујна” кое се емитува на оваа фреквенција изгледа како да е снимано како ништо да не се случува надвор од тие ѕидови.

Препораките за одржување на дистанца од најмалку 2 метри и задолжително носење маска како да не важат. Телевизијата треба да е пример како треба да се однесуваат и нејзините гледачи.

За мала споредба, во другото шоу на Ендемол – “Сè или нешто” кое исто така се емитува на ТВ Сител се гледа запазување на мерките од страна на продукцијата на Сител. Дистанцата секогаш постои меѓу Лила и нејзиниот натпреварувач.

Воедно, за разлика од кај нас, светски реномираните телевизиски мрежи одлучија во време на најголемата пандемија на денешницата, да се прилагодат на новата нормалност, па така во утринското шоу “This morning” на британската ITV мрежа или “Morning live” на канадската CTV, сите гости се онлајн.

Финалињата на музичките формати како “Американски идол” и “Британија има талент” беа снимени така што учесниците пееја од дома и евентуално имаше виртуелна публика.

За разлика од светот, во нашите утрински емисии, гостите сè уште доаѓаат во студио. Дали водителите и презентерите треба да покажат поголема одговорност и практично да ја пренесат пораката до гледачите, имајќи предвид дека медиумите се тие кои секогаш го креирале јавното мислење?

Критиката е добронамерна и упатена до медиумските работници, со сета почит кон нивната работа и пожртвуваност  во време на најголемата здравствена криза во светот.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!