Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Шехтанска: Господ некогаш ги враќа бившите да види колку си глуп

Шехтанска: Господ некогаш ги враќа бившите да види колку си глуп

На темата – „Каде се кријат добрите прилики“ во емисијата Нешто конкретно се разви жестока дебата.

Па така за добра прилика, актерката Катерина Шехтанска не ја смета жената која само оди по доктори и се “боцка” и не прави ништо друго, на што повикан се најде другиот гостин естетскиот хирург Роберт Стојовски кој во шега рече види има закон за рекламирање па ќе видиме како ќе поминеш и додаде дека тој прв не би вработил кај себе во ординација девојка со пренагласени гради и усни.

  • Оние кои претеруваат со естетските корекции тоа го прават затоа што сакаат да сокријат нешто кај себе – заклучи Стојовски.

На прашањето дали поранешните се добра прилика, Шехтанска беше децидна: Господ некогаш ги враќа бившите да види колку си глуп!

Во разговорот се наметна и прашањето дали ако твоите родители се веќе познати во фелата автоматски ти се отворени вратите на што Шехтанска остро демантираше:

– Јас како ќерка на актер (Александар Шехтански) многу полошо поминав и на факултет и сега како актер. Тие што го мразеле татко ми ме мразат и мене и не ти ни даваат шанса да се докажеш.

На што се надоврза и др. Стојовски кој рече дека како син на двајца доктори секогаш го гледале дека и факултет и во прифесијата напредува токму заради родителите: Е затоа си отидов на приватно да не ми викаат дека сум останал во јавно здравство заради врските.

Професорот Васко Наумовски кој прв пат има искуство со вакво гостување имаше одличен одговор на прашањето за оние мажи кои се плашат нивните убави сопруги да ги покажат во јавност – Епа во подрум нека ги чуваат. Алудирајќи дека станува збор за ниска самодоверба.

Водителот Ненад кој беше тука да подбуцне праша: Дали е побитна кубикажата во гради или дебелината на книгите за да една жена успее?

А и прашањето зет мајстор или зет бизнисмен е подобро прилика исто разви голема дискусија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таско во „Нешто конкретно”: Со жена ми не би се карал заради мајка ми

Да сум жена на 24 часа прво што ќе направам? Ќе се направам маж – …

error: Содржината е заштитена!