Почетна / Сапуници / Секоја летна вечер на Сител следете ја приказната за „Гулабица“
Од понеделник (18 јули) во 19.50 часот на Сител

Секоја летна вечер на Сител следете ја приказната за „Гулабица“

По 15 години поминати во зандана, по 15 години поминати зад решетки за злосторство кое не го сторил, по 15 црни години, доаѓа денот кога Бедир Кави излегува на слобода. Сега тој е одлучен да продолжи со својот живот затоа што дома го чекаат сопругата, ќерката Зулуф и синот Муслум.

Но, веста за неговата слобода со шок е дочекана во големиот конак на семејството Џибраноглу, семејството на покојниот Ахмет за чие убиство бил обвинет и осуден токму Бедир. Старите рани од минатото се отвораат повторно, но конците кои треба да ги зашијат тие рани ги има само судбината во чиј виор влегуваат овие две семејства.

Покојниот Ахмет има два сина – Кенан, кој по смртта на татка си ја превзел контролата врз бизнисот и Океш, кој е решен по секоја цена со крв да ја наплати смртта на татка си.

Освен синовите, тука е и сопругата на Ахмет и нивната ќерка Нефисе. Тоа што особено ќе ја комплицира ситуацијата меѓу семејствата е забранетата љубов на Нефисе, ќерката на Џибраноглови и Муслум, синот на Кавиеви.

Не можејќи да се помири со бегството на сестра си со член од ривалската фамилија, Океш решава да ја киднапира Зулуф, ќерката на Бедир и сестрата на Муслум. Тој е одлучен да ја убие девојката исто како што го убиле неговиот татко доколку не им биде вратена Нефисе назад.

Затоа ја фрла во еден камен бунар, а врисоците на младата девојка се единственото нешто што ќе одекнува во пустите тврдини на Анадолија. Оној што ќе ја спаси Зулуф од злобниот Океш и ќе ја извади од бунарот е всушност Кенан, неговиот брат.


И сега… строгите правила на традицијата наложуваат дека во име на обичаите, Зулуф, ќерката на едното семејство ќе мора да се омажи со Кенан, синот на другото семејство како би запрела крвната одмазда, би се простило предавството на бегалците и би се спречила понатамошна злоба. Младата Зулуф е приморана да се омажи за Кенан и од тој момент да започне да живее во големиот конак.

Се жртвуваше во име на традицијата за да го спаси своето семејство и да ја одбрани честа, а сега ќе мора да живее закована во златниот кафез. И таму, во златниот кафез ќе живее сè додека љубовта не ги избрише сенките од минатото и не ја исчисти пролеаната крв на таа горка земја.

Секој ден на Сител во 19.50 часот, следете ја турската серија “Гулабица”, серија за љубовта родена од желбата за одмазда во големите тврдини на Анадолија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!