Ексклузивно на Сител, секоја недела во 21.15 часот продолжуваат новите емисии од првата и единствена шоу програма во регионот, која што им дава шанса на оние кои мислат дека за почеток на кариера било предоцна.
Ова е натпревар на ветерани со неодоливи животни приказни и неостварени соништа. Натпревар на луѓе со неверојатен талент за кои кариерата допрва започнува затоа што никогаш не е доцна.
Шанса за нов почеток за сите аматери кои собраа храброст да се појават на големата сцена, каде преку изведбата на најголемите фолк, поп и рок хитови, публиката ќе доживее вистински ролеркостер од емоции и восхит.
Возбудата допрва ќе расте во студиото на Гранд на Кошутњак под будното око на авторот и креатор Жика Јакшиќ, водителката Драгана Катиќ и Саша Милошевиќ Маре, како постојан член на стручното жири.
Секоја недела навечер на Сител ги следиме најдобрите возрасни таленти и навиваме за македонските кандидати, кои ќе треба да се претстават во најдобро светло и чиј пат до славата ќе почне и ќе се вивне токму преку ова телевизиско шоу.
Дани | ТВ Пакет