Македонската телевизија продолжува со нови ексклузивни серии од странска продукција. Американскиот документарец „Неоткриени пејзажи“ e епско патување кое ни открива некои од најубавите места во светот, a ќе се емитува секоја недела во 18.40 часот.
Спектакуларните панорами нè оставаат без здив низ осум епизоди, а лирското пишување нè запознава со природата, историјата и митологијата која ги обликува географските чуда на природата – од сонцето потопено на Бахамите до величествените вулкани во Чилеанската пустина.
Дани | ТВ Пакет