Ново риалити шоу на Алфа телевизија од продукцијата на Пинк телевизија и “Топ манифест”. Секоја сабота навечер во 22.30 часот ќе се емитува “Брак на невидено”, српска емисија создадена од авторите на “Папарацо”, “ДНК Анализа” и “Необјавени приказни”, кои исто така се емитуваа(т) на оваа македонска фреквенција.
Во новото шоу учествуваат соло жени и мажи кои се одбрани од тим на психолози, според прифатените апликации, психолошките профили на апликантите и нивните желби.
Интересно е што паровите за прв пат се среќаат непосредно пред матичарот, на нивната сопствена венчавка и имаат само пет минути да одлучат дали сакаат да стапат во брак или не. Дотогаш не се знаеле, но тимот на шоуто ги спојува на основа на нивните заеднички интереси и профили.
Ако работи хемијата, тие се венчаат и потоа веднаш одат на меден месец. Емисијата „Брак на невидено“ ги покрива сите трошоци за венчавка, вклучително и венчаница, костум, венчални прстени, но и дополнителни награди како што е одење на меден месец со џепарлак. По неколку недели, екипата на оваа емисија ги посетува во нивните домови и открива дали бракот опстоил или не.
Дани | ТВ Пакет