Конечно нешто ново на каналите на Македонската телевизија. Светски познатата американска драмедија “Gilmore girls” наскоро на МРТ.
Емоции, семејни проблеми и хармонија во односите меѓу мајката и ќерката следуваат за гледачите на МТВ. Лорен Грем и Алексис Бледел се главните улоги во серијата која оригинално се емитуваше на каналот Ворнер Брос од 5 октомври 2000 година до 15 мај 2007, комплетирајќи седум сезони.
Во лоши односи со своите родители од своите 16 години, кога останала бремена и го напуштила семејниот дом, Лорелај се снаоѓала сама во животот и денес е менаџер на еден пансион во Сатрс Холоу, а нејзината ќерка учи во елитно училиште.
Со желба да ѝ го даде на Рори најдоброто од животот, Лорелај се зближува со своите родители при што се раѓаат многу прилики за хумор и драма.
Дани | ТВ Пакет