Почетна / Серии / Семејната драма за „Девојките Гилмор“ секој ден на МРТ 1 по 21 часот
Воведната тема е "Where you lead" од Керол Кинг и Луис Гофин

Семејната драма за „Девојките Гилмор“ секој ден на МРТ 1 по 21 часот

Добредојдовте во Старс Холоу, фиктивен град во сојузната држава Конектикат, недалеку од Хартфорд. Дом на не повеќе од илјада “налудничави“ граѓани, каде што живеат девојките Гилмор, Рори и Лорелај.


Лорелај е самохрана мајка и најдобра пријателка на својата ќерка Лорелај (позната како Рори). Во лоши односи со своите родители од своите 16 години, кога останала бремена и го напуштила семејниот дом, Лорелај се снаоѓала сама во животот и денес е менаџер на еден пансион, а нејзината ќерка учи во елитно училиште.

Со желба да ѝ го даде на Рори најдоброто од животот, Лорелај се зближува со своите родители при што се раѓаат многу прилики за хумор и драма.
Серијата на моменти знае да измами и по некоја солза, но и во моменти добро да насмее. Репликите се брзи и богати, па често сценариото за една епизода изнесувала и до 90 страници.


Мајката и ќерката одлично ги глумат актерките Лорин Греам и Алексис Бладел, а во екипата ја има и оскаровката Мелиса Мекарти, Кеико Агена, Скот Питерсон, Лиза Вели, Кели Бишоп и Едвард Хермна, меѓу другите. Во специјални гостински епизоди се појавуваат и Јаред Падалеки (Supernatural), Мило Вентимиглиа (Heroes) и Чад Мајкл Мари (One Tree Hill).​

Следете ја оваа топла и интересна приказна, од понеделник до петок на МРТ 1 со почеток околу 21 часот. Време за уживање, време за драма и комедија, време за девојките Гилмор.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!