Почетна / Сапуници / Семејната збрка продолжува и вечерва во „Две бурми“ на Сител

Семејната збрка продолжува и вечерва во „Две бурми“ на Сител

Вечерва на Сител, веднаш по централниот Дневник следува нова епизода од новата семејна комедија “Две бурми”. Вистинска семејна збрка продолжува во домот на Метин. Гледачите слатко ќе се насмеат и оваа вечер со викенд комедијата на Сител.

Две жени под ист покрив, и двете со бурма на раката од ист маж. За Перихан сите мислеа дека е мртва, но нејзиното појавување по 12 години во својот дом донесе низа незгодни ситуации. И комедијата допрва започнува.

Децата и сопругот се среќни поради нејзиното враќање, но има еден мал проблем. Метин сега има друга жена, која децата ја сметаат за своја мајка. И така Перихан се враќа на старите навики на сопруга и мајка, но дали тоа ќе ѝ се допадне на Хулија? Ќе може ли Хулија да прифати соперничка во својот дом? Следете Сител и релаксирајте се со семејната комедија “Две бурми” и оваа вечер во 19.45 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!