Почетна / Серии / „Гревот на нејзината мајка“, уште едно дело од Мир Јам на Алфа

„Гревот на нејзината мајка“, уште едно дело од Мир Јам на Алфа

По завршувањето на српската костимирана серија “Ранетиот орел”, Алфа телевизија секоја недела во 20 часот ја емитува “Гревот на нејзината мајка”, кое се смета за најинтригантното дело на Мир Јам чие дејство се случува во Кралството Југославија пред Втората светска војна.

Приказната го прати животот на една девојка која многу млада останува без своите татко и мајка. Оставена сама, Неда ја започнува борбата за место во општеството, обидувајќи се да разбере што е тоа што нејзината мајка некогаш го направила и поради кое сега таа го плаќа нејзиниот „грев“.

Сега, таа е принудена да го напушти родителскиот дом, во којшто била опсипана со љубов и со богатството на своите родители, и да се соочи со вистинскиот свет во кој владеат правилата на мажите. По низа настани, вештата игра на судбината и заветот на нејзината мајка, ќе ја доведат право во рацете на еден маж кој станува нејзина судбина… Ивана Јовановиќ и Иван Босиљчиќ секоја недела на Алфа во “Грех њене мајке” со репризно издание во понеделник во 15 часот.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!