Северина Којиќ била запрена вчеравечер околу 21 часот во близина на Трговскиот центар Оков на улицата  Партизанска авијација во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Српската полиција запрела автомобил БМВ, со регистарски таблички од Загреб, а контролата открила дека Севе немала дозвола за движење за време на полицискиот час поради  што била приведена во полициска станица. За прекршување на полицискиот час во Србија е предвидена парична казна од 50 000 до 150 000 динари.

Северина е во Србија во изолација, откако е отидена да го види синот.

Дани | ТВ Пакет