Уникатните специјалитети од сите предели на нашата земја во новото гастрономско шоу на Телма кое ќе се емитува секоја недела во 14.40 часот.
– Сакам да го откријам мојот корен. Сакам да направам гастрономска карта на Македонија. Ќе ме гледате како ги откривам и учам традиционалните специјалитети од локалните готвачи. Секоја храна ја откривам низ патот на културното и спиритуалното – открива шеф Марк, инаку автор и водител на новата емисија.
Секоја недела на Телма со реприза наредната сабота – “Авантурите на Марк”.
Дани | ТВ Пакет