На научниот Симпозиум што во чест на великанот на македонскиот пишан збор Анте Поповски под наслов „Антево перо“, ќе се одржи во хотелот „Калин“ во Лазарополе на 5 октомври годинава, ќе земат учество еминентни научни работници, писатели, уметници, сликари, јавни личности, но и негови познати. Проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Кристина Николовска, д-р Атина Цветаноска, доцент д-р Атанас Чупоски, м-р Симона Ристевска, м-р Наташа Данчевска, м-р Весна Крстиќ Андреевска, м-р Митра Блажевска и Панде Колемишевски се дел од поканетите учеснци кои ќе треба да се погрижат за расветлување на Антевото дело и неговиот лик.
Организаторите на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, и Раководителот на овој научен собир проф. д-р Кристина Николовски се убедени дека конечниот список на учесници на Симпозиумот ќе биде уште подолг, независно што доделениот Буџет на Манифестацијата е крајно скромен и рестриктивен. Симпозиумот е пред сѐ насочен кон нови научни достигнувања, но може да биде отворен и кон поширок пристап.
Симпозиумот ќе покрене: литературни, литературно-теориски, јазични, културолошки, филозофски, општествени теми, теми од историја на уметност, естетика, теми од културното-боемско живеење.
https://www.facebook.com/antevopero/videos/243936766273361/?t=0
По сесиите се предвидува да има дискусии и предлагање на нови теми за следниот Симпозиум, а организациониот Одбор на Манифестацијата ќе се погрижи да отпечати и Зборник на трудови од Симпозиумот.
Дани | ТВ Пакет