По многу сменети термини на емитување, првата сезона од грчката сапуница на Сител нема да биде укината. Од сега, драматичните заплети во семејствата на Ахил и Сифи продолжуваат секое утро, од понеделник до петок по 5 часот наутро.
Гледачите ќе уживаат и понатаму во пејсажите на божествените острови Крит и Кипар, каде што е и снимана оваа серија. Голем дел од сцените се снимени токму на убавите полиња на винова лоза на Кипар, возбудливите плажи на Крит, богаташките вили на Никозија и улиците на преубавиот град Ханија.
И понатаму со вас – серијата од земјата на Боговите и егзотичните острови. И понатаму со вас – приказната за љубовта и виното, приказната која ве освои и која допрва ќе ве заслепи.
Синилото на морето ќе ги раздвојува вашите познати херои, но опојниот мирис на виното и понатаму ќе ги спојува.
Една од најдобрите балкански продукции која стекна голема гледаност во Перу и Чиле, продолжува со нови интригантни епизоди секое утро, пред Утринската на Сител телевизија.
Љубовта меѓу Мелина и Ахил ќе донесе лавина нови проблеми затоа што тие се несвесни за фаталните последици кои може да ги донесе таа забранета врска.
Љубовта станува заробена од традицијата, а желбата за слобода ќе ги води на патот до среќата.
Разбудете се со новите авантури на Дафни и Константина и проследете ги новите злокобни планови на Маркос, Антонис и Евридики. Грчката серија “Бруско”за своите фанови – секое утро на Сител.
Дани | ТВ Пакет