Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Укината „Практична жена”, наместо неа репризи на народни приказни на Сител

Укината „Практична жена”, наместо неа репризи на народни приказни на Сител

Сител телевизија ја тргна српската дневна емисија “Практична жена” од малите екрани. Секој работен ден во 12.15 часот, веднаш по пладневните вести не се емитува “Практична жена”, емисија која ги советуваше домаќинките како да си го поедностават животот, а нудеше брзи решенија за многу проблеми во кујната, тоалетот, совети за фамилијата, домот, телото, убавината.

Наместо искуства од српските познати домаќинки, од сега на Сител ќе се емитуваат по којзнае кој пат веќе емитувани македонски народни приказни.

Нема повеќе странска програма во текот на денот. Тргната странската сапуница Бруско, тргната српската емисија за практичните жени. Дали титлот во дневните термини станува минато и за Сител, како што се случи на Алфа и Канал 5 ?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!