Продолжениот викенд што е зад нас ги собра скопјани на едно место, а настанот кој ги изненади граѓаните ги собра сите детски насмевки и создаде прекрасни спомени. Додека главниот плоштад на Скопје заспива во своето сивило на дваесетина дена пред нова година, платото пред СЦ „Јане Сандански“ се појави како последна надеж за сите деца во градот.
„Зимзоленд Скопје“ е настан каде ќе се сретнат традицијата и современите трендови, за да се создаде уникатна новогодишна атмосфера која ќе ги освежи срцата на сите посетители и ќе ги потсети на убавината на празничниот дух. Со оваа иницијатива, организаторите сакаат да го внесат Скопје на светската карта на градови кои слават новогодишна магија во свој уникатен стил. Не заборавајте, Зимзоленд е тука да ги исполни вашите новогодишни желби и да ја донесе празничната атмосфера!
Локација: Паркинг и плато на Арена Јане сандански.