Почетна / Живот / Скопје се сеќава – 59 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје се сеќава – 59 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска одбележува 59 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1,070 граѓани, од коишто 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот.

Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.

Во МКЦ по повод сеќавањето на земјотресот, најавен е настан насловен „За Скопје“, во чии рамки ќе се случува поетско читање, отворање на изложбата „За Скопје, со љубов од целиот свет“, „1963: Good Night Skopje“ и музичка програма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!