Почетна / Мода / Скопски моден фестивал го затвори шоуто на Сара Фешн

Скопски моден фестивал го затвори шоуто на Сара Фешн

Познатиот македонски бренд за интимна облека ги обележа дваесетте и петте години успешно постење на домашната и регионалната сцена, со сценски перформанс за новата колекција за пролет и лето, музички настап на бендот Blackberries и коктел за почесните гости на свеченото затварање, како завршница на четвртата сезона на културно-забавната манифестација што четири дена се одржуваше во трговскиот центар Diamond Mall.

Под слоганот „25 нијанси розово“, Sara Fashion го прослави својот дваесет и петти роденден во рамките на Skopje Fashion Festival powered by Државна лотарија, приредувајќи спектакл од светски калибар за многубројната публика на настанот, во продукција на маркетинг агенцијата MAX Management.

На модната писта беа претставени над педесет различни модели за претстојната сезона пролет-лето од домашниот бренд, кој изминатите две децении и половина успешно се пробива и на регионалниот пазар.
„Од своите почетоци до денес, Sara Fashion бележи многу успеси и поставува нови трендови, а од неодамна го проширува и својот бренд со Sara Fashion Home.

Sara Fashion има повеќе од 300 вработени, вкупно 79 продажни објекти и 3 големопродажни објекти во земјава и во Србија, а со тоа и многубројни лојални купувачи кои со години му веруваат на брендот. Компанијата располага со богат асортиман производи и тоа: чорапи, хулахопки, долна облека, облека за дома, долна облека и костими за капење. “ – истакнуваат претставниците на Sara Fashion.

Свеченото затворање на четвртата сезона на Скопски моден фестивал, кој втора година по ред се одржува во партнерство со Државна лотарија, кулминираше со концертот на српскиот бенд Blackberries, основан со идејата да воведе нов сензибилитет во музичкиот израз како и од љубов спрема различни музички стилови. Имаат широк репертоар и покриваат повеќе музички жанрови, а се одликуваат со посебен стил, неконвенционалност во интерпретацијата и внимателно одбран репертоар.

На коктел забавата се наздравуваше со сортните вина од Kamnik и Venec, а за љубителите на жестоко, правиот избор беа пијалаците од Smidgin, Jameson и Traikovsky Wine Brandy.
Официјални партнери за убавина на настанот се групацијата Orbico и FABUspot, застапени со брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Clarins, Estée Lauder и Shiseido. Официјални партнери за нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Glynt и Reuzel.

За здравата и блескава насмевка на моделите се заслужни продуктите од Happy Smile. Чевлите кои ги носеа моделите ревијата се од новата сезонска колекција на Marabella. Се озвежуваа со минералната вода Rey, а за вкусните и вегански закуски, полн погодок беа специјалитетите на M House и Avocado. наменски за пригодата, огледалата и дел од сценографијата ја изработија пријателите од МG Art. Автор на сите фотографии е Антонио Станков.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски моден фестивал од 3ти до 6ти април во Diamond Mall

За каква ли тајна вечера се подготвуваат и што може да ја обедини на иста …

error: Содржината е заштитена!