Почетна / Мода / Скопски моден фестивал од 3ти до 6ти април во Diamond Mall

Скопски моден фестивал од 3ти до 6ти април во Diamond Mall

За каква ли тајна вечера се подготвуваат и што може да ја обедини на иста маса ѕвездената шесторка: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска? Одговорот ќе се дознае многу наскоро – на четвртото издание на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. Културно-забавната манифестација ќе се одржи во трговскиот центар Diamond Mall, a ќе биде во знакот на одбележувањето два големи јубилеи на познати брендови од домашната сцена, како и гостувања на повеќе реномирани балкански дизајнери, кои премиерно ќе земат учество во рамки на четиридневната официјална програма на настанот.

„Среќата е насекаде!“ е слоганот под кој од трети до шести април, македонската метропола одново ќе пулсира во пролетниот моден ритам на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, на нова урбана локација и со сосема поинаков концепт од претходните три изданија на фестивалот. Домаќин на четвртата сезона е трговскиот центар Diamond Mall, лоциран во срцето на градот Скопје, каде во четири дена, публиката од земјата и странство ќе има прилика да проследи оригинален спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, шоу настапи на познати ѕвезди, како и гала вечер со драмски призвук за свечено отворање на настанот, под закрила на маркетинг агенцијата и продукција MAX Management Agency.

„Честа да го отвори фестивалот ѝ припадна на македонската дизајнерка Ивана Кнез, која со јубилејната ревија „Viva La Drama“, тајно подготвува вистинско шок искуство за присутните гости, а со кое ќе ги кулминира петнаесетте години од нејзиното „драматично постоење“ на нашата модна сцена. Затворањето на фестивалот, пак, резервирано е за прослава на уште еден голем јубилеј, овојпат на најпознатиот домашен бренд за интимна облека Sara Fashion, кои ќе ги обележат дваесет и петте успешни години, со возбудливо шоу кое ќе изнуди воздишки на многубројните посетители, подеднакво со моделите на пистата и со забавата на подиумот, каде како специјални музички гости ќе настапат членовите на музичката група The Blackberries Band.“ – најавува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

Напоредно со презентацијата на последните колекции и опусот на најквалитетните македонски дизајнери и брендови, организацискиот тим на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, останува доследен и во ексклузивното претставување на интернационални гости од регионот и пошироко, но и во промоцијата на млади надежи и таленти чиешто време допрва доаѓа. Официјалната програма на манифестацијата ќе се одвива во среда (03.04), четврток (04.04), петок (05.04) и сабота (06.04), во временскиот интервал од 19:30 до 22:30 часот, со црвен килим по холивудски терк, на кој се очекува да зачекорат претставници на дипломатскиот кор и бизнис заедницата, истакнати поединци од културната сцена, акредитирани новинари, фотографи и уметници, како и познати имиња од светот на модата и забавата како ВИП посетители.

Организаторите традиционално изработија и краток моден филм како најавно видео за четвртата сезона, во соработка со Viral Agency, каде како заштитни лица и главни протагоности се појавуваат ѕвездената екипа сочинета од шесте величествени: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска. Автори на видеото се дуото Генц Халими и Амел Амед, уметнички режисер и сценограф е артистот Бојан Ковски, а како продуцент на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, извршен директор на Скопски моден фестивал. Двете впечатливи женски креации се изработки на дизајнерките Блерта Османи и Ивана Кнез, третиот изглед е шик комбинација од брендот Sara Fashion, а дел од машката постава носи костуми од Altinyildiz Classics и AC&co. Блескавиот и гламурозен накит е од Ador, додека чевлите и чантите се од Marabella.

Кампањата е снимена во луксузниот ентериер на хотелот Limak во Скопје. За шминката е заслужна визажистката Неше Салих, а за фризурите се погрижи студиото Social Hair Salon. Официјални партнери за убавина на настанот се групацијата Orbico и FABUspot, застапени со премиум брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Clarins, Estée Lauder и Shiseido.

Официјални партнери за нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Glynt и Reuzel. Генерален покровител и партнер на Скопски моден фестивал е Државна лотарија, чијашто среќна калинка навестува уште поголема радост оваа пролет за љубителите на модата во државата.

Skopje Fashion Festival денес е водечки домашен настан за љубителите на модата во метрополата, презентирајќи им го најдоброто од македонската култура низ симбиоза на дизајн, уметност, едукација и забава, а истовремено е домаќин и на реномирани имиња од регионалната и европската сцена. Маркетинг агенцијата МAX Management Agency како организатор на престижната манифестација, може да се пофали со учество на над 60 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 300 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 25.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот, после само две години и три сезони од нејзиното иницирање. Четвртата сезона очекуваме да се надминат и рекордите кои самите ги поставивме, како во однос на учесниците, така и за интересот на публиката.“ – заклучува Ивана Китановска Трпеска, директор за односи со јавноста на фестивалот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30 години јубилеј – Академија и студио „Леонтиќ”

30 години да опстоиш во овие турбулентни времиња е успех, но 30 години да умееш …

error: Содржината е заштитена!