Почетна / Телевизија / Продолжува истрагата против Sky Italia

Продолжува истрагата против Sky Italia

Италијанското тело за заштита од конкуренцијата го продолжи рокот за расчистување на случајот против италијанската DTH платформа Sky Italia до 31. декември оваа година, известува порталот TeVe.

Истрагата против Sky Italia е почната на 3. ноември 2010. година поради телевизиските права за Светското првенство во фудбал 2010. и 2014. година и Лигата на шампионите во периодот од 2012. до 2015. година. Италијанското тело истражува дали Sky Italia ја злоупотребува својата доминантна позиција во купувањето на ексклузивните права.

Рокот за затворање на истрагата беше до 30. јуни, но поради сложеноста на целиот случај и потребите од понатамошната истрага, крајниот рок е продолжен до крајот на оваа година.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!