Познатио трап артист Тракер кој сеуште е актуелен со хитот „Црна Мечка“ во кој гостува Таско, промовираше необичен видео спот, овој пат со песна во дип хаус (deep house) стил. Во него ни покажува како изгледаат неговите 3 дена каде е во друштво на преубавата Луна. Во видеото може да се види како Тракер и Луна спонтано и опуштени се подготвуваат за снимањето на првиот видео запис на Луна.
Видеото се снимаше во неколку локали низ населбата Аеродром, во музичкото студиото на Ивајо и во Про Лајт Студио. Го изработи Гордан Божиновски – Год Ај Продукција. Музиката е на Тракер, Аранжман/Бит,микс и мастеринг на Иван Јованов – Ивајо.
Таа е дива, нескротлива, таа е сензуална и секси, впечатлива, ексцентрична и со стил…Таа е се, само обична не. Запознајте ја убавицата Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс. Се чини дека нејзиното време допрва доаѓа..Дали е тоа така ќе дознаеме многу наскоро наредната недела кога ќе биде и официјалната промоција на нејзиниот прв сингл „Мирисаш на куш“…а дотогаш уживајте во спотот што претставува како најава за тоа… „ Иде гас, иде Луна“…
Дани | ТВ Пакет