Почетна / Серии / Мафијашки игри и предавства во „Гомора“ во 22:10 часот на Телма

Мафијашки игри и предавства во „Гомора“ во 22:10 часот на Телма

Во Неапол, кланот Савастано е командуван од страшниот и почитуван Пјетро Савастано. Сакајќи да остави свој белег, Чиро Ди Марцио има задача да ја запали куќата на мајката на Салваторе Конте, ривалски нарко бос.

Откако ја завршил задачата, без двоумење и полека ја стекнувал довербата на Пјетро, ​​кој подоцна му го доверува својот син Џенаро да го подготви да стане идниот шеф на кланот.

По полициска проверка, Пјетро е уапсен и приведен; контролата на кланот неофицијално преминува во рацете на неговата сопруга Имаколата, која смета дека Чиро и Џенаро не можат да го водат кланот во отсуство на Пјетро.

Имаколата, која не го сака Чиро, му наредува да отпатува во Шпанија за да се договори со Конте за повторно да ги обединат клановите. Таа подоцна го задолжува Џенаро да отпатува во Хондурас, надевајќи се дека неговите контакти со производителите на дрога ќе го забрзаат неговиот развој како нов шеф на кланот.

И покрај тоа што ќе склучи договор за мир со Конте, Чиро не ја добива довербата на Имаколата. Џенаро откако ќе се врати во Неапол, станува се повеќе одвоен и изолиран, започнува со чистење на членовите на кланот, поканувајќи сè повеќе млади членови и се вклучува во акции кои ја зголемуваат недовербата кај старата гарда, вклучувајќи го и Чиро, кој смета дека Џенаро не може да се справи со кланот.

Потоа започнува војна помеѓу двете фракции на кланот Савастано: старата гарда која е верна на Пјетро и помладите членови кои му се верни на Џенаро.

Овој брутално суров приказ на режисерот Матео Гароне со неверојатна прецизност ги раскажува начините на кои гранката на неаполската мафија позната како Камора го контролира секојдневниот живот во предградието на северен Неапол, населен со мешавина од луѓе на платните списоци на локалните газди и оние кои со нетрпение го чекаат денот кога и тие ќе можат да служат.

Тоа е свет во кој единствениот закон е насилството, единствената вредност е моќта, единствениот сон се парите, а единствениот универзален јазик е пиштолот.

Oд понеделник до четврток ексклузивно на Телма, италијанската мафијашка серија “Гомора”.

Не пропуштајте!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!