Од 1 август во 19.40 часот на Канал 5 телевизија започнува нова драмска серија во која меѓу главните ликови ги гледаме Фикрет од “Кога лисјата паѓаат”, Џан од “Романтичарот” и Хатиџе Султан, сестрата на “Величествениот”. Ова е серија за неколку љубовни врски, серија за летни опуштени вечери низ кои ќе водат трите сестри.
Сервет е средовечна жена која работи како планер за свадби. Откако нејзината мајка си заминала кога таа имала 12 години, девојката се поставила како мајка за своите две помали сестри. Ги одгледала и дала сè од себе за да ги направи среќни. Поради оваа причина, таа не сакала да има бебе иако долго време е во брак со Јилмаз. Тие двајцата имаат некои проблеми во бракот и поминуваат низ тежок период.
Нејзината помлада сестра Саадет е млада и наивна девојка која работи во продавница за накит. Со Асрин е свршена 9 месеци и наскоро планира да се омажи. Таа е многу среќна и верува дека нашла совршено момче.
Најмладата сестра Севда, пак, е студентка на Правниот факултет и се стреми да има богат живот. Таа само сака да ги заврши своите студии и да почне да работи во познатата адвокатска канцеларија каде работи нејзиното момче.
Животот на овие три сестри се превртува наопаку во ист ден и тие немаат друг избор освен да започнат нов живот сите заедно.
Оставени само на себе, за овие три сестри не преостанува ништо друго сега освен да ги здружат силите, да тргнат во нови предизвици и да ги надминат разочарувањата од минатото.
Во новата работа, како планерки за свадби, секој ден е нов предизвик и авантура за трите сестри бидејќи организираат свадби за луѓе од сите сфери на животот.
Како што нивниот бизнис цвета, тие учат да се справуваат со широк спектар на клиенти. Тука се клиентите од високо општество, но и новопечените богаташи, оние софистицираните и грубите, религиозните и либералните, урбаните и руралните.
Секоја прилика е нова авантура. Од екстравагантни сценографии до балони со топол воздух, тие се соочуваат со луди барања кои го разубавуваат секој настан.
Секој ден е исполнет со изненадувања, но додека сестрите создаваат совршени свадби, тие се борат да ги остварат сопствените соништа.
Дани | ТВ Пакет