Во петок, 9 септември со почеток во 17.45 часот, Македонската телевизија ќе емитува снимка од годинешното издание на Фестивалот на народна шегобијна песна “Тумба фест”.
На фестивалот настапија македонските фолк ѕвезди како Елена Велевска, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Румиана Попова, Катерина Брезева и Соната, Душко Георгиевски, Нино Величковски, Анета Наковска, Ристо Краповски, Лилјана Прнаркова, Петар Нечовски, Мирослав Крстевски, Сашо Николовски, Методија Столески, Аце Трифуновски, Ирена Петрова, Сани и Династија бенд.
Фестивалот го организира Здружението „Етно ризница“ од Куманово, со поддршка на Општина Куманово. За потсетување, ова е фестивал во кој се опејуваат македонските и кумановските сокаци, познатите меани, сите случувања од минатото и сега, а повеќето од песните се вистинки приказни.
Дани | ТВ Пакет