Во сабота во 17 часот и репризно во недела во 16 часот на Канал 5 ќе се емитуваат репортажните емисии од Анталија, Турција.
Овој и наредниот викенд уживајте во градот сокриен под прекрасните плажи, луксузни хотели кои ви нудат сѐ што ќе посакате, но и во историските знаменитости кои ќе ја задоволат вашата желба да научите нешто ново.
Анталија, градот во кој се измешани историја и култура, го заслужува називот „главен град на турскиот туризам“, како што многумина го нарекуваат. Денес овој град живее во златното доба, бидејќи е трансформиран во културно и историско средиште со тематски хотели кои ја „претставуваат“ Венеција или катедралите во Москва. Тука се уште можат да се видат траги од византиската, римската и селџучката архитектура.
И овојпат, низ емисиите на “Патуваме сонуваме со Аурора” ќе не води Тања Трајковска.
https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/2999356656769209/?t=0
Дани | ТВ Пакет