Изминатиов месец интензивно во студиото на Македонската телевизија се снимаше обновената верзија на некогаш популарната детска серија “Дајте музика”. Забава, смеа, радост, песна, едукација, дружење е она со кое поминаа малите но големи глумци, а кои исто така ве очекува и вас, гледачите.
Децата од актерската школа на Весна Бејби Петрушевска маестрално ја исполнија својата задача и го возобновија духот на шоуто со кое растеа многу генерации.
Преку овој проект, децата ќе се вратат на местата на кои им припаѓаат: маалските паркови, уличките, училишните дворови, кои ќе бидат нивни свртилишта, места за забава, дружење, перипетии, детски интриги, први симпатии и детски радости.
Познати јавни личности како Тамара, Перо Антиќ, Столе Стоилов, Бени Шаќири, Некст Тајм се појавија во новите епизоди од серијалот, а во последната епизода која беше снимена денеска специјално учество имаше мегапопуларната пејачка Каролина Гочева.
Долгоочекуваниот телевизиски детски серијал “Дајте музика” ќе се емитува на Македонската телевизија, а ќе започне кон крајот на месец септември. Во продолжение погледнете како течеа снимањата на шоуто и што ќе кажат вашите нови херои за она што следува оваа сезона :
Дани | ТВ Пакет