Почетна / Сапуници / Шпанската мелодрама „Велвет“ по четвртти пат на Телма

Шпанската мелодрама „Велвет“ по четвртти пат на Телма

Дека се работи за една од најквалитетните светски продукции, нема дилема. Но, дали една национална телевизија треба да си дозволи во континуитет да емитува репризи на веќе прикажана серија?

Тоа го прави Телма, која уште еднаш реши да ја репризира шпанската драма за модната куќа “Велвет”. И тоа нова реприза, овојпат во прајмтајм. Од пон до петок во 19.15 часот, гледачите повторно ќе се потсетат на љубовната приказна за Ана и Алберто.

Во Мадрид постои тоа место, кое сите сакаат да го видат и посетат. Тоа е модната куќа “Велвет”, гламурозна скапоцена палата во која се дизајнираат, кројат и продаваат најубавите модни парчиња на таа доба.

Сопственици на галеријата “Велвет” е богатата фамилија Маркез. Дон Рафаел Маркез е главата на фамилијата и е женет со Глорија, а од првиот брак го има синот Алберто. Глорија ја има ќерката Патрисија, исто од првиот брак.

Ана е млада девојка која останува сирак како девојче и доаѓа да живее кај својот вујко Емилио кој работи во стоковната куќа. Тука Ана го запознава Алберто и се раѓа голема детска љубов. Кога ќе станат полнолетни, Алберто и Ана одлучуваат да побегнат и да се венчаат, но дон Рафаел ги спречува намерите на својот син единец и го испраќа на студии во Лондон.

Години подоцна, Ана работи како кројачка во модната куќа. Со годините, израснала во преубава млада дама. Враќањето на Алберто во Мадрид ќе ги разбуди старите чувства кај двајцата, кои одлучуваат овој пат да се борат за својата љубов до крај.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!