“Девојката од прозорецот” која ја следите секоја вечер на Сител во 22.30 часот е на чекор до крајот на емитување во соседна Србија.
Серијата таму се емитува на телевизија Пинк и успева да ги руши сите рекорди на гледаност во нејзиниот термин, оставајќи ги во шок гледачите со секоја помината епизода.
Она што особено ги заинтригира Србите е тоа што серијата е работена по книга со истоимен наслов и со тоа целосната екранизација делува како вистинско ремек дело на роман што го читате.
Нежна приказна, многу емоции и филмска режија е она што ги освои гледачите во регионот да секојдневно бидат со “Девојката од прозорецот” во исчекување на секоја следна епизода од серијата.
Ние сме на самиот почеток. Затоа бидете стрпливи, останете со телевизија Сител и дознајте зошто токму оваа серија ја освои српската публика како ниедна досега.
За таа што беше растена во стаклено ѕвоно, бајката ќе почне да се остварува кога ќе стане невеста во богатата фамилија, но ни самата не е свесна дека рајот што го сонуваше, за миг може да стане вистински пекол.
Дани | ТВ Пакет