Почетна / МК Сцена / „Срце“ не можеш да купиш – Пајак од „Урбан“ емотивно за Валентин

„Срце“ не можеш да купиш – Пајак од „Урбан“ емотивно за Валентин

После големиот хит “Бебе” која беше последното баладично издание од младиот и талентиран пејач, Пајак ни спреми нова исто така емотивна балада насловена како “Срце”, која симболично се промовирана на денот на влубените – “Св Валентин”.

Многу емоции во неговите стихови визуелизирани со прекрасен видео запис во кои ќе се пронајдат многумина.


Музиката и текстот се на Пајак, аранжманот на Иван Јованов – Ивајо и на СН Микс, мастеринг на Иван Јованов – Ивајо. Додека пак спотот е во режија на Гордан Божиновски.

Се снимаше во вила во Маврово и околу Мавровското езеро. Во спотот како негова девојка се појавува прекрасниот модел, синооката Татјана Јанушева, за која Пајак нема многу од слободното време за да и се посвети и да и даде љубов онолку колку што заслужува.


Во продолжение новиот видео запис за “Срце” за која се надеваме дека ќе допре како и останатите негови песни кои за толку кратко време ги освоија срцата на младите, за кои говорат милионските прегледи на Јутутб.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!