Приказната започнува откако баба Ираз ќе испрати писмо до Зелис и Мустафа, кои живеат во Истанбул. Писмо со кое ги поканува кај неа во посета, во едно селце на Егејот.
Баба Ираз вели дека има уште 2 месеци живот и дека сака двајцата да се венчаат како услов за да ја наследат нејзината нива вредна 40 милиони турски лири.
Но, бидејќи Мустафа и Зелис се двајца луѓе со комплетно спротивен начин на живеење, тие првично одбиваат да се венчаат.
Сепак со 40 милиони турски лири кои им се смешкаат од блиската иднина, Зелис и Мустафа одлучуваат да се венчаат за да го добијат наследството. Пресвртот се случува кога дознаваат дека баба Ираз всушност нема 2 месеци живот, туку е сосема здрава.
„Срцето ми остана во Егејот” – нова турска серија премиерно од 10-ти октомври на кабловскиот Dizi канал.
Дани | ТВ Пакет