“Свети среќна ѕвездо” е филм од 1985 година, продуциран во Хонг Конг со Џеки Чен во главната улога. Се работи за дел од трилогијата акциски комедии на Само Ханг Камбо, кој ќе го гледаме во недела (3 март) на Сител, веднаш по завршувањето на последниот Дневник.
Во филмот ја следиме приказната за еден полициски доушник кој на својата девојка Јо Чинг и испраќа писмо во кое се наведени некои доверливи информации. Но, за време на одморот во Тајланд, тој е убиен од страна на мафијашки платеници, но сепак мафијашките тајни од писмото ги знаат Ји Чинг и агентот Лауа.
За да го прикријат злосторството со убиството, мафијата решава да ги убие и Ји Чинг и Лауа. Но, тие ќе бидат заштитени од страна на детективите Маслс и Барбара Ву, кои се подготвени да ги фатат мафијашите и да ги спасат Ји Чинг и Лауа од канџите на злото.
Дани | ТВ Пакет