Нова серија на Телма, мистерија со хорор примеси извадени од традицијата на забранетото. По “Тајкун” и “Клан” следува нова српска серија “Калкански кругови” во 22.10 часот.
Таткото на Миона, Дејан (Воин Ќетковиќ), се обидува да ја оттргне својата ќерка од лошото друштво. Ќе одлучи да го остави градот и бизнисот како архитект и заминува во родното село на татко му. И покрај отпорот на ќерка му, тој се обидува да ѝ се доближи и да го надополни времето изгубено со неа додека тој ја градел својата кариера …
Во семејната куќа ги дочекува чичко му Велибор (Жарко Лаушевиќ). Во селото го запознава Макс, бизнисмен вратен од Базел кој инвестира во хотелски комплекс и му нуди работа во неговата градба.
Местото на кое треба да се гради се вика Забран. Но, тука лежат тајните на Калканските кругови….
Мистериите на Калканските кругови покрај Воин Ќетковиќ и Жарко Лаушевиќ, ги разоткриваат легендарните Милутин Мима Караџиќ и Весна Чипчиќ, атрактивната и талентирана Наташа Нинковиќ, младата хип-хоп пејачка и актерка Ивана Зечевиќ, Нела Михајловиќ, Нина Јанковиќ, Бранка Пујиќ и многу други.
Автор и сценарист на серијата е Ѓорѓе Милосављевиќ, а режисер на Калкански кругови е Милан Караџиќ.
Дани | ТВ Пакет