Почетна / Забава / Евровизија / Јавноста успеа да ја сруши „Империјата“

Јавноста успеа да ја сруши „Империјата“

 

Неоспорно – МРТ приреди одлично шоу

Македонската радио телевизија вчеравечер приреди шоу на кое беше претставена песната Империја со која што Есма и Лозано треба да не претставуваат на престојната „Евровизија“ во Малме, Шведска. Шоуто се одржа во новото студио на МРТ. Од богатата архива на Македонската телевизија видовме ретро музички и видео материјали од кралицата на ромската музика, а се потсетивме и на почетоците на Влатко Лозаноски. Шоуто се одвиваше одлично, а покрај Есма и Влатко на сцената се појави и Калиопи како минатогодишен евровизиски претставник на земјава.

 

 

 

Масовно – Јавноста покажа незадоволство

Голема негативност во целава ситуација се коментарите на јавноста кои што не би требало да ги игнорираме. Имено, настанот вчера беше најкоментиран на социјалните мрежи и тоа не само во Македонија. Голем процент од публиката сметаат дека на песната сериозно и е потребна некаква корекција. Никој не ги оспорува квалитетите на Есма и Влатко, но и никој не е сосема задоволен од крајниот резултат на музичкото парче. „Немало динамика во рефренот, не им се дала можност на пејачите да ги истакнат своите богати вокални способности“, велат повеќето на социјалните мрежи. За жал на истите тие интернет страници денеска голем хит беа и фотомонтажите со ликовите на Есма и Влатко – качени на лавови. Се појавија стотина различни фотомонтажи, па можеби и затоа менаџерите одлучија спотот привремено да се оневозможи за јавноста.

 

Факти – Гледачите незаинтересирани за шоуто на МРТ

Вчеравечер во естрадниот магазин „Бекстејџ“ гостуваа Есма и Лозано, два часа пред почетокот на шоуто на МРТ. Иако во емисијата на Сител не беше пуштена ниту секунда од песната на годинешните евровизиски претставници, сепак истата оствари двојно поголема гледаност од шоуто каде што премиерно ја слушнавме Империја. Во прилог се рејтинзите.

 


 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!