Што е #StartWith1Thing ?
Заедно со премиерата на „На работ на изумирањето“, Discovery ја покрена и светската иницијатива и кампања #StartWith1Thing која е насочена кон зачувување на видовите и повикува на акција која ќе ги покрене гледачите да направат „1 работа“ за да ја спасат планетата на која живеат.
#StartWith1Thing настојува да го обедини светот околу едноставните промени на животните навики кои можат многу да помогнат на загрозените видови и околината, но и на целото човештво. Discovery ќе ја искористи глобалната премиера и придружните платформи, вклучувајќи и содржина одберена за оваа пригода, дигиталните и социјалните медиуми, виртуелната реалност и заедно со своите партнери ќе ја поттикне љубопитноста и глобалната акција со која секој може да ја преземе нешто во своите средини: борба против трговијата со дивите животни, снижување на емисијата на јаглеродниот диоксид преку користење на зелена енергија, начинот на транспорт, поддржување на зелените акции, консумација на помалку месо итн.
Кампањата ќе поттикне индивидуални акции со цел докажување на влијанието кое може да се направи кога успешно ќе ги обедините луѓето во една глобална заедница. Гледачите ќе бидат мотивирани да најдат инспирација за сопствената „1 работа“ која треба да ја преземат со посетување на #StartWith1Thing рубриката на страната racingextinction.com. Гледачите ќе може да одберат „1 работа“ и ќе им биде понуден избор од дневни, неделни и месечни активности како и можност за следење на напредокот на светот по ова прашање.
Дани | ТВ Пакет