Во прилог став на активистката за заштита на животни и животката средина, Велковска во однос на управувањето со стационарот за бездомни животни во Град Скопје.
„Активистите за заштита на животни кои се долгогодишни волонтери се ЕДИНСТВЕНИТЕ кои имаат капацитет трајно и хумано да го затворат прашањето со бездомните животни не само во Град Скопје, туку во Македонија!
Во нашите редови имаме луѓе кои ги поставиле темелите на хумана контрола на бездомни животни во оваа земја, кои работеле на првите закони и правилници за заштита и благосостојба на животните, кои соработувале со градските власти при отворањето на првиот градски стационар во Скопје, кои поминале меѓународни обуки, кои компаративно анализирале закони, студии на случаи, евалуации на политики во многу земји во светот и кои имаат опсежни познавања за најефективните практики и најдобрите решенија на ова прашање.
Ние не сме само ентузијасти и емпатични. Ние секојдневно комуницираме со активисти од целиот свет кои еднакво посветено работат на заштита и благосостојба на животните во нивните земји. Ние имаме бесценета т.н. институционална меморија во нашите редови и искуство во работа на терен. Квалитети кои само НЕСПОСОБНО раководство на овој град може да ги игнорира!
Освен ако не ги игнорира свесно бидејќи има друг план за кучињата, различен од нашиот.”
Драгана Велковска
Активистка за заштита на животни и животна средина
Членка на Советот на Град Скопје
Дани | ТВ Пакет