Што подготви американската ABC TV за новата сезона 2019/2020? Ако на македонските телевизии до последен момент не се знае што кога ќе се емитува, на американските национални мрежи, распоредот е месеци однапред подготвен. Па така, од есен Американците ќе следат нови сезони на медицинските драми “Добриот доктор” и “Вовед во анатомија”, како и на трилер драмата “Како да се извлечеш со убиство”.
Oд познатите сит-комедии следуваат нови урнебесни мигови од секојдневието за “Семејството Конор”, “Модерното семејство”, “Семејството Голдберг”, “Самохрани родители”, “Блекиш”, како и многу хумор во новата премиерна комедија “Mixed-ish”.
“Танц со ѕвездите” во Америка продолжува со нова сезона, како и најсмешните видео-инсерти и познатиот американски фудбал. Она што е ново на ABC е мистериозната трилер серија “Emergence” и крими процедуралот “Stumptown”.
ПОНЕДЕЛНИК
8:00 p.m. Dancing with the stars
10:00 p.m. The good doctor – 3. сезона
ВТОРНИК
8:00 p.m. The Conners – 2. сезона
8:30 p.m. Bless this mess – 2. сезона
9:00 p.m. Mixed-ish – ПРЕМИЕРА
9:30 p.m. Black-ish – 6. сезона
10:00 p.m. Emergence – ПРЕМИЕРА
СРЕДА
8:00 p.m. The Goldbergs – 7. сезона
8:30 p.m. Schooled – 2. сезона
9:00 p.m. Modern family – 11. сезона
9:30 p.m. Single parents – 2. сезона
10:00 p.m. Stumptown – ПРЕМИЕРА
ЧЕТВРТОК
8:00 p.m. Grey’s аnatomy – 16. сезона
9:00 p.m. A million little things – 2. сезона
10:00 p.m. How to get away with murder – 6. сезона
ПЕТОК
8:00 p.m. American housewife – 4. сезона
8:30 p.m. Fresh off the boat – 6. сезона
9:00 p.m. 20/20
САБОТА
8:00 p.m. Saturday night football
НЕДЕЛА
7:00 p.m. America’s funniest home videos
8:00 p.m. Kids say the darndest things – ПРЕМИЕРА
9:00 p.m. Shark tank – 11. сезона
10:00 p.m. The Rookie – 2. сезона
Дани | ТВ Пакет