Од денеска, корисниците на аналогната и дигиталната телевизија на Телекабел имаат шанса да го следат новиот канал Нова С. Истиот е веќе достапен на Тотал ТВ, Кабелнет и други кабловски оператори низ земјава.
Се работи за телевизиски канал, дел од групацијата Јунајтед Медиа кој покрај српска информативна и забавна програма, ќе емитува и странска играна програма со македонски превод.
Македонците и Србите се едни од ретките кои премиерно имаат можност да ја следат најновата мексиканска новела “Љубов до смрт”, а Нова С ве потсетува и на познатата шпанска тинејџерска серија “Чекор напред” од понеделник до петок во 17 часот, со реприза во 11 часот.
За љубителите на адвокатските сплетки, тука е американската “Двете лица на правдата” (Suits)…
a по “Suits” се емитуваат :
– понеделник, 21 часот – италијанската мафијашка сага “Гомора”
– вторник, 21 часот – шведската мистериозна драма “Мостот”
– среда, 21 часот – американската драма на ABC – “Како да се извлечеш со убиство”
– четврток, 21 часот – американската крими серија “Лутер”
– петок, 21 часот – новата српска серија “Жигосани во рекет”
Покрај овие серии, телевизијата ќе емитува филмови во 22 часот, кулинарско шоу во 13.30 часот, забава и адреналин во “Wipeout” во 16 часот, а во 18 часот е српскиот квиз “Тотален пресврт”.
Настаните кои ја обележале неделата зад нас во студиото на Нова С ќе ги коментира авторката на емисијата Оља Бечковиќ, со своите гости, секоја недела од 21 часот. Најмоќниот впечаток на неделата ќе го одбираат и гледачите кои ќе се вклучуваат во програмот во живо.
За да не го барате на нова фреквенција, истиот е поставен на местото на каналот Da Vinci во аналогната платформа на Телекабел, а дигитално е на местото на Trace Urban.
Дани | ТВ Пакет