Мега популарната турска серија „Крај“ донесува на малите екрани длабока и мистериозна приказна.
Ајлин (Нехир Ердоган) е убава мажена жена и многу го сака својот сопруг Селим (Јигит Озсенер). Тие имаат прекрасен живот: богати се, успешни се во своите професии и имаат 7-годишен син. Нивниот живот е едноставно совршен. Сепак, овој совршен живот се превртува наопаку по службеното патување на Селим во Франкфурт, Германија.
Ајлин го остава својот сопруг на аеродромот и се надева дека трите дена без него ќе поминат што побрзо. Сепак, на крајот на денот, таа дознава дека авионот се срушил. Одеднш сфаќа дека нејзиниот совршен живот го нема и ништо повеќе нема да биде како порано. Сепак, таа заборава нешто: ова не е крај.
Прво, Ајлин сака да се врати дома мртвото тело на нејзиниот сопруг, но авиокомпанијата во тој момент не може да ѝ помогне.
Второ, Ајлин дознава дека нејзиниот сопруг го купил билетот за Франкфурт, но никогаш не се качил во авионот.
И трето, кога Ајлин ги гледа снимките од видео- надзорот на аеродромот, таа гледа дека нејзиниот сопруг не влегол во авионот, наместо тоа тој се сретнал со друга жена и го напуштил аеродромот со неа.
И тука започнува потрагата по вистината.
Убавата глумица Нехир Ердоган се чини е исто толку несреќна во љубовта како и нејзиниот лик Ајлин, ако судиме според фактот дека нејзиниот брак траеше само 2 години. Таа се омажи во 2014 година со кинематографот Ахмет Сесигургил, кого го запозна на снимањето на филмот „Опсег“ и наводно се разведоа на крајот на 2016 година, а јавноста дозна за разводот во јануари 2017 година.
Нејзиниот партнер во серијата „Крај“, Јигит Озсенер е многу добро познат по улогите во сериите „Плачот на виолината„ и „Езел“. Многу малку се знае за неговиот приватен живот, тој не е оженет и е целосно посветен на глумата со вистински професионализам, иако има диплома од Факултетот за електротехника и електроника.
Овие две турски ѕвезди и нивната совршена актерска игра прават во серијата „Крај“ да се чувствуваат постојани емотивни пресврти успешно прикажувајќи колку е тешко да се верува на некого. Доколку сакате истовремено да истражите мистерија, да уживате во приказна за љубов и пријателство и да се борите против омразата, удобно сместени пред телевизорот, гледајте ја серијата „Крај“ на каналот #Dizi во 22.20 часот.
Дани | ТВ Пакет