Татјана е млада и убава жена, која навидум има сè што било која би посакала. Има сопруг што ја сака, убава кола, куќа, семејство кое ја поддржува. Но, во студениот град Москва, таа не се чувствува среќна. Нејзиниот маж е маркантен и зол човек, а неможноста да роди дете, за Тања претставува уште поголем проблем.
Затоа, Игор решава да заминат во Истанбул, крај море и сонце, каде самата клима и промена ќе потпомогне неговата сопруга да забремени. И токму во градот крај Босфорот се менува нејзиниот живот.
Татјана и Игор одат во специјализирана болница, во која работи специјалистот Кемал, кој ќе го води нејзиниот случај од сега и ќе проба со посебни методи да овозможи младата Русинка да забремени. Но, еден поглед ќе промени сè. Понекогаш само една средба, силна како ураган, ќе може засекогаш да го претвори животот во бура и да го насочи во сосема поинаков правец. Меѓу Татјана и Кемал се раѓа страст, која ќе ги спои нивните тела и ќе ги разигра нивните срца.
Младата Русинка силно се вљубува во убавиот Турчин, но на таа афера ѝ доаѓа крајот, кога Тања ќе разбере дека и тој е верен со друга девојка. Русинката се враќа во својата родна земја, каде дознава дека останала бремена. Додека сите го прославуваат големиот настан, Игор открива дека неговиот генетски материјал е некомпатибилен со тој на неговата сопруга, па од таму е невозможно тој да биде таткото на детето кое го носи Тања. Нејзината кревка душа од сега ќе сонува за повторна средба со Кемал, а љубовта на Кемал кон неа ќе го води во опасна борба против традиционалните сфаќања и верските предрасуди.
Од понеделник до петок во 17.50 часот, следете ја најновата серија работена од руски и турски продуценти. Приказната за Русинката која ќе се заљуби во Турчинот ќе донесе лавина на неочекувани реакци, но ќе ги разгори и најискрените страсти од Ориентот.
Дани | ТВ Пакет