Нова викенд драма на Сител телевизија, насловена како “Чоџук”. Многумина кои ја видоа најавата се запрашаа – што значи насловот на серијата?
И очигледно многумина и помислија дека тоа е името на главниот лик во приказната.
Но, не се работи за тоа. Телевизија Сител ја превела буквално серијата од оригиналниот наслов “Çocuk” – Чоџук. Во превод од турски тоа значи “Дете”, како што беше и именувана серијата секаде каде што се емитуваше (Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска итн).
Во било кој речник или толковник на македoнскиот јазик, зборот “Чоџук” не постои. Тој термин не постои ни како прифатен интернационализам кај нас, а ниту е дел од архаичните зборови. Останува прашањето – толку ли е тешко да се преведе одреден турски збор како што треба да биде, или едноставно да се прилагоди насловот со некој македонски збор?
Најгледаната телевизија во македонскиот етер не треба да си дозволи имиња на серии со странски зборови, имајќи предвид дека од секогаш во информативните изданија промовира патриотизам и зачувување на македонскиот јазик.
Со Чоџук ли ќе го негуваме богатството на македонскиот јазик? Со Чоџук ли ќе ги учиме новите генерации на македонски зборови?
Дани | ТВ Пакет