Почетна / МК Сцена / „Story awards Party“ – Ноќ на убавина, слава, гламур, емоции !

„Story awards Party“ – Ноќ на убавина, слава, гламур, емоции !

 

„Story awards Party“ е едно од најзначајните случувања во светот на шоу-бизнисот кој секој пат успева да ја оправда својата репутација на огномет од емоции естетика и незаборавен провод.

 

 

Гламурозниот настан ќе се случи на 20-ти март во хотелот „Александар Палас“. Во ноќта на убавината, славата, гламурот, солзите и громогласни аплаузи овој пат наградите ќе ги добијат актерски, музички, телевизиски, спортски и бизнис личности по избор на регионалното уредништвото на магазинот „Story“. 

Патем со настанот „Story Awards“ ќе биде најавено и новото специјално издание на магазинот „Story“ кое за првпат на македонски јазик ќе се појави во Македонија.

Инаку „Story“ e најтиражен магазин за познатите личности препознатлив по актуелните и ексклузивната содржина како и интересните приказни од животот на славните личности.

Освен по свежите и живи рубрики овој магазин се разликува од конкуренцијата и по пристапот кон познатите личности кои во токму во „Story“ го демистификуваат она што тие го претставуваат во јавноста, оголувајќи се пред читателите и делејќи ги со нив своите најинтимни животни моменти…

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!