Реалното шоу “VIP Survivor” може да доживее пауза во емитувањето заради изборите во Србија, со оглед на тоа што еден од натпреварувачите е политичар, а политичарите во предизборниот молк не смеат да се појавуваат во емисии што не се закупени за предизборни цели. Еве што изјавија од српската Републичка радиодифузна агенција:
“Во текот на кампањата радиодифузерите треба да ги исклучат од програма сите документарни, играни, забавни и слични емисии и филмови во кои се појавува функционер, истакнат претставник и подносител на изборна листа или кандидат”
Chris | ТВ Пакет