Борука сеуште не се одмориле од бурната вечер на Племенскиот совет, а веќе се пред ново искушение, можеби најтешкото досега. Освен новите поглавари, племињата ќе бираат и нов пристап кон игрите.
Пресек на 13-иот ден
Во Матамбо се одбира поглавар и тоа во традиционален “матамбо стил” – на шега. Невен и Мартина ги имитираат Андрија и Маријана на Племенскиот совет. Изборот падна на Кристина и племето задоволно оди во кревет. И во Борука се спроведува избор, но резултатот, по обичај таму е неочекуван. Милан и Владо, прашањето е сега. Огњен, како поранешен поглавар, пресудува во корист на Милан и овој пат свечено ветува дека племето ќе го води по патот на успехот.
Пред да започне играта, Андрија најавува спектакуларен пресврт во неа: поранешните поглавари преминуваат во спротивните племиња. Така Огњен, Себастијан и Алекс се украсија себеси со виолетовите, а Марко, Мартина и Невен со портокаловите марами. И играта може да започне. Нивната задача е да прејдат од едната на другата страна од теренот исклучиво со помош на бурињата и даската, никој од нив не смее да го допре песокот. По тешкото двоумење како да ги помрднат бурињата без да се симнат од нив, племето Матамбо со новите членови успева да победи и на својот остров да однесе кокошка и мирисни зачини за готвење.
Во племето Борука веќе почнува да владее тензија. Невен и Мартина јавно признаваат дека не им се допаѓа племето оти сите сакаат само да работат и ништо друго, додека Марко се приспособува одлично со таа работна атмосфера. Невен вели дека не му паѓа на памет да престане да се шегува и да почне да работи, а Мартина се согласува со него.
Chris | ТВ Пакет