Еден од учесниците на новата сезона на „Кох-Ланта“, француска верзија на популарното реално шоу „Преживеан“, почина при снимањето во Камбоџа, пренесува Пулс 24.
Како што јавува дописникот на МИА од Париз, телевизискиот канал ТФ1 веднаш свика кризен останок на кој според шпекулациите се разгледува и можно откажување на целата сезона, чие снимање само што започна. ТФ1 и продуцентот „Адвентур“ соопштија дека 25-годишниот Жералд Бабин починал од срцев удар при првиот ден од снимањето на „Кох-Ланта“ во Камбоџа. Во соопштениете исто така се наведува дека телевизијата донела одлука да прекине со снимањето и да ја врати екипата во Париз, иако засега не е познато од што точно починал овој учесник во најпознатото шоу „Преживеан“.
Ова не е прв смртен случај на ваквиот вид реални шоуа. Во 1997. година во шведската варијанта на „Преживеан – Експедиција Робинсон” се случија две трагедии, во 2009. година од срцев удар почина учесник на бугарската верзија на „Срвајвор” при снимањето во Филипините, а во пакистанското издание од истата година еден од учесниците се удави пред очите на камерите.
Ивана Таневска | ТВ Пакет