Почетна / Серии / Свадбени ѕвона за Пурви и Арџун?

Свадбени ѕвона за Пурви и Арџун?

 

Актерите Аша Неги (Пурви) и Ритвик Данџани (Арџун) од индиската серија „Огнови на љубовта“ се погодени од стрелите на љубовта. Тие се запознаа и се заљубија на снимањата на серијата „Pavitra RIshta“ преку која го достигнаа џекпотот како и на љубовен така и на професионален успех. Нивните страсти ги споделија заено со гледачите на последната сезона од „Nach Baliye“. 

 


 

Изворите тврдат дека Ритвик Данџани ги посетил родителите на Аша Неги и дека тие биле воодушевени од неговото однесување, со кој го започнал процесот за нејзината заинтересираност. Исто така Аша и Ритвик наскоро ќе патуваат во Австралија, но она што е интересно и убедливо дека овој пар ќе стапи во брак е тоа што и Аша наскоро ќе го посети родениот дом на Ритвик – Мадиа Прадеш. 
„Ова може да бде вториот чекор за нивната нова врска – бракот“ – вели изворот. 
Аша вели: „ Додека тој беше тука и се запозна со моето семејство вo Дерадун, јас немав можност лично да се запознаам со неговите родители во Мадиа Прадеш. Па, откако ќе заврши нашата посета во „Златниот Храм’, јас лично ќе го посетам Мандасаур и ќе поминам добро време со неговата фамилија. Ние сме како едно среќно семејство“.
„Мене и на Ритвик не треба време за да се одмориме од нашите почитувани кариери, па бракот ќе почека уште малку“ – вели Аша Неги.

Поради предизборните политички кампањи кои ги зафатија нашите телевизии, индиските серии “Малечката невеста” и “Огнови на љубовта” не се емитуваат во нивните регуларни термини. Еден ден во 17:30 часот оди епизода од Огновите, другиот ден оди епизода на Невестата и така наизменично. 

 

Баже Николоски | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!