Во понеделник, 8 јуни, во рамките на серијата концерти #BSOmondayConcerts, кои ги организира Bayerische Staatsoper, државната опера во Минхен, премиера ќе имаат две композиции од Дарија Андовска, базирани на македонските народни песни “Со маки сум се родил јас“ и “Си заљубив едно моме“.
Во првичниот концепт се три композиции, вклучувајќи ја и “Сношти минав покрај вази“, но поради временското ограничување, премиерата на оваа композиција ќе се одложи за друг концерт. Трите композиции се напишани по нарачка на минхенската опера и бас-баритонот Милан Силјанов, кому и композиторката Андовска ги посветила. Тој е по потекло Македонец, роден и пораснат во Цирих, Швајцарија, а живее и работи во Минхен.
Десеттиот од серијата понеделнички концерти на Bayerische Staatsoper, кои се емитуваат со онлајн пренос во живо, е со наслов “Звуци од татковината“, а можете да го проследите на овој ЛИНК во 20.15 часот.
Дани | ТВ Пакет