Почетна / Забава / Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Во сабота (15 март), со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе ја изведе симфониската суита „Итар Пејо“ од македонскиот композитор Филип Иванов како едукативен концерт за деца. Диригентка е Бисера Чадловска, а наратор ќе биде актерот Мартин Јорданоски. Во петок, на 14 март, концерот ќе има претпремиера за организирана посета од училишта.

Делото на македонскиот композитор Филип Иванов „Итар Пејо“, како што кажува и самиот наслов, е инспирирано од популарниот македонски лик од нашата традиција, лукавиот и снаодливиот Итар Пејо. Тој е познат како симбол на итрец, којшто успева да се справи со неправдите и предизвиците преку својата интелигенција и снаодливост. Особено е итар во надмудрувањето на богатите или на оние коишто сакаат да го искористат…

Делото на Иванов е поделено на седум делови со поднаслови коишто укажуваат на течението на нарацијата: „Триумфот на Итар Пејо пред селскиот кмет“, „Танцот на измамата: Маската на Пејо“, „Меланхолија на исчезнатата паричка“, „Шегите на Итар Пејо“, „Итар Пејо во судир со неправдата“, „Инспиративниот говор на Итар Пејо“ и „Свадбата на Пејо“.

Ова е прва симфониска суита од македонски автор која обработува лик од македонската фолклорна традиција, а е наменета за деца и млади. Композицијата е дел од наградените композиции коишто пристигнаа на конкурсот, којшто Филхармонија го распиша минатата година за откуп на дела од македонски автори наменети за симфониски оркестар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Музичка „Бајка“ со виолинистката Анна Кондратенко во Филхармонија

„Бајка“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток (6 март 2025), со почеток …

error: Содржината е заштитена!