Панданот на “Game of thrones” доаѓа на 1 ТВ
1 ТВ ја збогатува својата програмска шема во новата година и со емитување на светски популарни телевизиски серии. Познатиот интернет и телевизиски хит “Викинзи” стартува на оваа фреквенција и ќе се емитува секои понеделник, среда и петок во 23 часот.
“Викинзи” е канадско ирска историска драма напишанa и создадена од страна на Мајкл Хирст за телевизискиот канал History. Снимена во Ирска, премиерно започнала со емитување на 3 март, 2013 година во Канада. Досега се снимени вкупно 5 сезони, а додека фановите се во еуфорија и исчекување на шестата и последна сезона, 1 ТВ ексклузивно ни ја носи серијата на нивната програма. Почитувани гледачи, подгответе се – доаѓаат Викинзите.
Серијата е инспирирана од сагите на викингот Рагнар Лотброк, еден од нордиските јунаци познат по нападите на Англија и Франција. Нашиот нов херој е обичен земјоделец и семеен човек кој е фрустриран од политиката на Ерл Харалдсон, неговиот локален водач кој ги испраќа своите Викинзи да ограбуваат на исток, каде жителите се многу сиромашни. Рагнар сака да го предводи западот, преку океанот и да открие нови цивилизации (за кои уште не се знае ни дали постојат). Регрутира лојални војници и оди во потрага по нови земји за кои очекува да бидат побогати. Рагнар, кој тврди дека е директен потомок на богот Один, започнува да се бори со Ерл во битка за превласт.
Серијата го прикажува како фармер кој се издигнува организирајќи напади во Англија и кој потоа станува скандинавски крал со поддршка на семејството и на верните воини: брат му Роло, синот Бјорн Железниот, и неговите жени – воинката Лагерта и принцезата Аслауг.
Улоги : Travis Fimmel, Katheryn Winnick, Clive Standen, Jessalyn Gilsig, Gustaf Skarsgard, George Blagden, Gabriel Byrne, Alyssa Sutherland, Donal Logue, Alexander Ludwig, Linus Roache
Дани | ТВ Пакет