Прекрасната македонска пејачка Тамара Ангеловска која зад себе има низа награди и освоени титули, годинава матурираше во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ на отсекот флејта.
Изборот за фустан на матурската забава Тамара им го остави на професионалците, а од фотографијата која ја објави на својот Фејсбук профил може да се забележи дека одлично и прилега.
Таа е млада и амбициозна пејачка која буквално блеска на сцената, а своето образование ќе го продолжи во Романија.
– Образованието ќе го продолжам на еден од најпрестижните факултети за музика во Букурешт, Романија. Наградите што ги добив на повеќе меѓународни фестивали ме охрабрија комплетно да ~ се посветам на музиката и мислам дека моето време допрва доаѓа – вели Ангеловска.
Дани | ТВ Пакет